Достапни линкови

Охрид очекува бројни гости за Водици


Архивски фотографии: Водици во Охрид.

Архивски фотографии: Водици во Охрид.

Хотелските работници за празникот Водици нудат специјални аранжмани од 11 евра за ноќевање со појадок. Очекуваат бројни гости од земјава и од странство.

Празникот Водици и Денот на рибарите на Охрид треба да му донесат многу гости од земјава и странство, велат хотелските работници кои за празникот нудат специјални аранжмани од 11 евра за ноќевање со појадок. Градските власти заедно со бизнис секторот ќе се обидат со неколку дополнителни содржини да го раздвижат Охрид. Наместо само два дена, како порано, случувања во Охрид ќе има четири дена.
Според најавите, оваа година ќе имаме повеќе од 300 капачи кои се надвор од градот. Ќе имаме од Скопје, Битола, Бугарија, Србија. Минатата година имавме капачи, имавме и од Шпанија, а и оваа година тие најавија дека повторно сакаат да скокаат во осветените води.

Охриѓани со години бараат централната манифестација за одбележувањето на празникот Богојавление Водици, наместо во Скопје, да биде во Охрид, но барем засега од тоа нема ништо, иако Охрид е атрактивен и по долгата традиција и историја на одбележување на овој празник. Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам, рече дека цените ќе бидат намалени и во другите угостителски објекти.
Архивска фотографија: Водици во Охрид.

Архивска фотографија: Водици во Охрид.


„Тоа ќе биде доволна причина и мотив градот да биде посетен од гости, не само од државата, туку и од соседните држави. Има најави за присуство на гости од Србија, Бугарија, Албанија и Грција. На овој начин ние на Охрид ќе му дадеме една нова димензија и дека туризмот во градот ќе го прошириме со вакви активности и бројот на посетители како резултат на тоа ќе го зголемиме, а со тоа и приходот на средства кои во Охрид влегуваат по основ на туризам“, вели Апостолов.
Има најави за присуство на гости од Србија, Бугарија, Албанија и Грција.

Годинава по светиот крст во водите на Охридското Езеро се очекува да скокаат повеќе од 1000 капачи, не само од Охрид, туку и од други држави“, вели Димитар Пендов од Здружението Богојавление Водици.

„Според најавите, оваа година ќе имаме повеќе од 300 капачи кои се надвор од градот. Ќе имаме од Скопје, Битола, Бугарија, Србија. Минатата година имавме капачи, имавме и од Шпанија, а и оваа година тие најавија дека повторно сакаат да скокаат во осветените води“, вели Пендов.

Ќе има и масовно крштевање во езерските води на 19 јануари. На 20 јануари е денот на рибарите, кога повторно ќе се приготвува рибина чорба, а помеѓу гостите се очекува да се поделат повеќе од 7000 оброци.

„Сите винарии ќе нудат бесплатно вино, ќе има 1 тон плашици кои бесплатно ќе се служат. Музичкиот дел ќе го пополнат охридските тајфи со староградски охридски песни. Околу 15 часот ќе биде и капењето со бурињата со вино. Ќе има изложба на риболовен алат, демонстрација на ловење на риба и фрлање на сачма. И оваа година ќе кажеме дека сите треба да се придржуваат на онаа линија одбележана што ја поставуваме. Но, станува збор за повеќе од 1000 луѓе, дел од нив и тоа половината се и под дејство на алкохол. Но, не можеме да контролираме 1000 луѓе“, вели Пендов.

Кум годинава за Водици е градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Охридските риболовци со цел да го свртат вниманието на државата поради алармантната состојба со рибниот фонд во езерото, најавија дека на Денот на рибарите во Охрид ќе доделат награда за животно дело – „Трајно уништување на рибен фонд од Охридското Езеро“ и дека кандидатури можат да поднесуваат заслужни и докажани граѓани, институции, правни лица и здруженија на граѓани за дела направени од 1991 досега.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG