Достапни линкови

Самарас: Грција го поддржува проширувањето на ЕУ


„Грција покажа дека го поддржува проширувањето на ЕУ во минатото, посебно за земјите од Западен Балкан. Тоа што не интересира е да бидеме практични и ефикасни. Патот за зачленување на овие земји зеде нова динамика во последните две години, благодарејќи на членството на Хрватска, почетокот на преговорите со Црна Гора и доделувањeто статус земја кандидат на Србија“. Ова денеска го изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во Европскиот парламент во Стразбур, изложувајќи ги приоритетите на грчкото претседателство со Европската унија. Според Самарас, грчкото претседателство ќе направи се за да го промовира процесот на проширување на овие земји во функција на нивните постигнувања и специфичности.
XS
SM
MD
LG