Достапни линкови

Во Данска пад на бројот на баратели на азил


Бројот на баратели на азил кои се наоѓаат во прифатните центри во Данска, се намалува, јавуваат данските медиуми. Во моментов во центрите имало 5 илјади и 300 азиланти, што е за илјада помалку во споредба со септември минатата година. Од данскиот Црвен крст велат дека намалувањето на бројот е поради забрзаната процедура на разгледување на барањата за азил и нивно враќање од каде што дошле. Најмногу вратени лажни азиланти се од Србија, 658. Следуваат: Косово со 65, Албанија со 26 и Македонија со 25 лажни азиланти.
XS
SM
MD
LG