Достапни линкови

logo-print

Самарас: Грција од кризата излегува посилна


Грција од кризата излегува посилна, порача грчкиот премиер Андонис Самарас, кој пред Европскиот парламент ги претстави приоритетите на својата земја, како претседавач со Европската унија.

Според грчките медиуми, Грција стана симбол на Европа, земја која работи и оди напред. Кризата ни покажа дека имаме потреба од подобра Европа, истакна грчкиот премиер, признавајќи ги грешките што ги направи Грција.

Кризата покажа дека имаме потреба од обединета Европа, додаде уште Самарас, подвлекувајќи дека на европските избори во мај европските граѓани треба да гласааат со горчивиот вкус на кризата, но со надеж дека кризата е надмината.
XS
SM
MD
LG