Достапни линкови

Еди Рама - првиот албански премиер кој ќе ја посети Србија по 1946 година


Новиот премиер на Албанија, Еди Рама, најверојатно во февруари ќе го посети Белград во рамки на турнејата по земјите од регионот, изјави српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ.

Тоа, според весникот Политика, ќе биде прва посета на еден албански премиер на Србија уште од 1946 година, кога Енвер Хоџа го посети Белград.

Мркиќ соопшти дека на дневниот ред ќе биде соработката во областите на земјоделието, туризмот, транспортните врски и образованието.
XS
SM
MD
LG