Достапни линкови

logo-print

ИВЗ апелира да не се оди во Сирија


Илустрација - припадник на бунтовниците во Алепо, Сирија.

Илустрација - припадник на бунтовниците во Алепо, Сирија.

Патувањето на македонски државјани до Сирија е индивидуално, а не преку некоја институција, вели поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

Феноменот на учество на македонски државајни во војната во Сирија не може да се контролира, бидејќи патувањето до земјата е индивидуално, а не преку некоја институција, вели поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, коментирајќи го загинувањето на дваесет и две годишниот скопјанец Алим Османи.
Наша порака уште од почетокот кога се појави еден таков феномен, ние како Исламска верска заедница сме биле против и до ден денешен сме против тоа.

Тој е четвртиот граѓанин на Македонија кој загинал во сириската војна, како што пренесоа информативните портали на албански јазик, а веста ја потврдило и неговото семејство. Османи во Сирија заминал во јули и се борел на страната на силите против режимот на претседателот Башар ал Асад.

„Покритието е тоа, дека се солидаризираат со сирискиот народ кој сака да се ослободи од една невидена диктатура што се применува во Сирија, но веројатно има и сомнителни работи во тоа. Дали има поинаков мотив или Илустрација - Разурната куќа во Дамаск, Сирија.

Илустрација - Разурната куќа во Дамаск, Сирија.

интерес, тоа е веќе друга работа, можеме да претпоставуваме, меѓутоа не сме сигурни, оти не располагаме со факти и аргументи“, вели Реџепи, кој не верува дека од верски побуди македонските државјани учествуваат во војната, бидејќи тогаш не би криеле дека заминале во Сирија и ниту еден од нив не се консултирал со ИВЗ.
Нема никакво колективно организирање во Македонија или некаде во другите земји во соседството, во Косово и Албанија, нема некој што организирал или има таква иницијатива.

Политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани вели дека во сите случаи кои досега биле произнесени во јавноста се работело за лица кои самоиницијативно заминале во Сирија.

„Нема никакво колективно организирање во Македонија или некаде во другите земји во соседството, во Косово и Албанија, нема некој што организирал или има таква иницијатива. Инаку сите декларирани присуства до сега или загинатите случаи се водени од човечки и верски мотиви за одење таму“ , вели Рамадани.

Според Реџепи војната во Сирија е интерен проблем и затоа не треба во неа да се борат странски државјани.

„Наша порака уште од почетокот кога се појави еден таков феномен, ние како Исламска верска заедница сме биле против и до ден денешен сме против тоа, заради тоа што таму се прави меѓубратски терор и не знам дали има сега поента да и се помогне на една страна на штета на другата страна“, вели Реџепи.

Според неофицијалните информации над стотина лица од Македонија, Србија, Косово, Албанија и БиХ се дел од војната во Сирија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG