Достапни линкови

Осуда за нападите врз новинарите во Киев


Виталиј Портников

Виталиј Портников

Малтретирање , заплашување, и напади врз независните новинари во Украина, вклучувајќи ги и оние на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, добиваат се по остра форма во пресрет на масовни протести во Киев.

Целта на клеветничка кампања насочена кон новинарот Виталиј Портников има за цел да го дискредитира и да ги поткопа продемократските движења во Украина. Неговиот стан во Киев на 9 јануари беше нападнат од околу 50 луѓе. Тие му се заканувале за "неморалното однесување ".

И новинарот на Гласот на Америка Руслан Деиниченко се соочи со повторени обиди за заплашување по неговото неодамнешно покривање на Аутомејдан - протестите кон крајот на декември .

Претседателот на Радио Слободна Европа Кевин Клосе изјави дека е јасно оти станува збор за оркестрирани обиди да се дискредитира независните професионални новинари што потсетува на тактиката од советското време.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа на 2 декември соопшти дека над 40 новинари беа физички нападнати и повредени додека ги покривале на протестите во Киев.
XS
SM
MD
LG