Достапни линкови

Втор ден од референдумот во Египет


Жителите на Египет денеска ќе се изјаснат на референдумот за новиот устав. Гласањето во текот на вториот ден од референдумот ќе трае од девет часот утрово до девет вечер. Првиот ден од гласањето се одвиваше во услови на засилени мерки за безбедност. Најмалку 11 лица загинаа во немирите кои настанаа вчера, на првиот ден од референдумот. Жителите на Египет се изјаснуваат за нов устав откако пред шест месеци војската го отстрани од власт исламистичкиот лидер Мухамед Морси. Претставниците на Муслиманското братство го бојкотираат гласањето.
XS
SM
MD
LG