Достапни линкови

logo-print

Задолжницата практична само за големи зделки


Илустрација.

Илустрација.

Но ако нема пари нема како фирмите да се раздолжат, коментираат стопанствениците.

Задолжницата е практична само за големи зделки, а инструментот не го решава проблемот со слабата ликвидност на македонското стопанство – накратко, ако нема пари нема како фирмите да се раздолжат, коментираат стопанствениците.
За нормалното секојдневно работење не се покажа практично, треба да се заверува кај нотар, да се пријавува во Централен регистер, итн, значи комплицирано за спроведување.

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека задолжницата се покажала како поволен инструмент за големи зделки.

„За нормалното секојдневно работење не се покажа практично, треба да се заверува кај нотар, да се пријавува во Централен регистер, итн, значи комплицирано за спроведување“, вели Чекреџи.

Потенцијално решение за слабата ликвидност е Законот за Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

финансиска дисциплина, смета Чекреџи.

„Ние се надеваме дека законот за финансиска дисциплина кој треба да се донесе на почетокот на оваа година дека ќе ги реши проблемите со ликвидноста и дисциплината на плаќање и тоа меѓу приватниот сектор и државата и приватниот сектор.“
Не дека фирмите не се спремни и дека не сакаат да ги исполнат своите обврски кон своите партнери, туку главниот проблем во ликвидноста на фирмите.

Судејќи по најавите, со законот за финансиска дисциплина, меѓу другото, е предвидено должниците јавно да се објавуваат на списоци на интернет страниците на надлежните институции. Ни тоа ни задолжницата не помагаат во наплатата ако фирмите немаат пари, смета Арбен Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Наместо објавувања на имињата на фирмите на некои листи, владата треба да преземе конкретни чекори со тоа што ќе им помага на фирмите да ја подобрат нивната ликвидност и во таа насока јас сум повеќе од убеден дека тогаш ќе се постигнат тие ефекти коишто владата сака да ги постигне, односно да нема многу задолжување меѓу фирмите.“

Прашање е колку помага задолжницата ако фирмите немаат капацитет да ги помират долговите, вели Халили.

„Да не речам сите им должат на сите, ама многу фирми се „заглавени“, односно им должат на други фирми нивни партнери. Не дека фирмите не се спремни и дека не сакаат да ги исполнат своите обврски кон своите партнери, туку главниот проблем во ликвидноста на фирмите. Ако една фирма заглави, за жал тоа ќе се одрази и врз другите, затоа што сите се поврзани на некој начин во еден синџир.“

Задолжницата стапи на сила во 2012 година и претставува исправа со која должникот - трговско друштво дава согласност плаќањето на неговите обврски кон одреден доверител да се изврши по присилен пат од сите негови сметки кај сите носители на платен промет.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG