Достапни линкови

Груевски: Работа за професионалните војници, пари за стечајците


Професионалните војници кои имаат над 45 години возраст, по завршувањето на службата во АРМ ќе се вработуваат во државните институции до пензионирање, соопшти денеска премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Владата.
Како што истакна Груевски, законското решение што треба да го регулира ова прашање ќе биде изготвено најдоцна за десет дена од Министерството за одбрана, а се очекува да биде донесено до крајот на идниот месец. Војниците, објасни премиерот, ќе се вработуваат согласно нивните квалификации и способности, во министерствата за одбрана и за внатрешни работи, во судската полиција, шумската полиција,...
Владата денеска на седница одлучи да донесе и законски измени за материјално обезбедување на лицата кои останале невработени или технолошки вишок и по 2004-та од државни фирми или од фирми со доминатна државна сопственост. Со ваквото, решение потенцира Груевски, ќе се реши проблемот на околу 3.000 лица. Тие ќе добијат по најмалку 7.100 денари односно 34 отсто од просечната плата остварена во минатата година плус здравстевено осигурување.
XS
SM
MD
LG