Достапни линкови

На Косово уапсен Лирим Јакупи "Нацист"


Лирим Јакупи викан „Нацист“ денеска е упасен од ЕУЛЕКС пред главниот влез на затворот „Дубрава“ во Косово.
За апсењето на „Нацист“ кој од македонската полиција е баран за кривични дела кои ги има извршено во Скопје и околината во 2004 година, веќе е известено македонското МВР, кое има по него издадено меѓународна потерница, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски. Тој појасни дека Јакупи е приведен и веќе се воспоставени контакти со македонските органи на прогонот.
Според косовските медиуми, Јакупи пред неколку години избега од затворот „Дубрава“, но повторно беше уапсен во 2010 година, каде одлежуваше казна затвор до денеска.
Како што објавуваат косовските медиуми, Јакупи, поранешен припадник на (ОВК) е уапсен неколку минути откако е ослободен од затворот „Дубрава“ каде што издржувал шесгодишна казна.
XS
SM
MD
LG