Достапни линкови

logo-print

Квалитетот на тутунот повисок, откупните цени пониски


Тутунарите од прилепско се крајно незадоволни од процената на родот и текот на откупната кампања.

Наместо највисоки откупни цени досега, како резултат на високиот квалитет на ланската реколта, тутунарите во прилепско се крајно незадоволни од процената на родот и текот на откупната кампања.
Нека излезе јавно нека каже Министерството за земјоделство и претставниците на приватните фирми, зошто тутунот го тераат една до една ипол класа подолу, незадоволството е огромно во народот, народот е заплашен.

„Од лани со едно 30 отсто помалку, наместо погоре да одат, тие подолу одат.“

„Сто четириесет денари тогаш ми помина, 1997 година, го носев тутунот во Алијанса во Кавадарци 139 денари.“

„Нека излезе јавно нека каже Министерството за земјоделство и претставниците на приватните фирми, зошто тутунот го тераат една до една ипол класа подолу, незадоволството е огромно во народот, народот е заплашен.“

„Една класа ни кратат секако, под класа се дава тутунот.“
Нема да дозволиме никакви излегувања од рамките на законот, инисистираме производителите да не потклекнуваат под влијанија на какви било политички партии, туку едноставно да имаме аграрна политика.

„Реалната цена да биде барем ланската, 190 денари просекот да биде.“

„Работава дојде да им го донесеме тутунот, за нас пари не треба работниците“, велат прилепските тутунари.

Од Државниот инспекторат за земјоделство, чии екипи се на терен од почеток на откупната кампања, порачуваат да се интервенира и бара помош при секоја нерегуларност.

„Нема да дозволиме никакви излегувања од рамките на законот, инисистираме производителите да не потклекнуваат под влијанија на какви било политички партии, туку едноставно да имаме аграрна политика“, вели Румен Стаменов, директор на Инспекторатот.

Министерот за земјоделство уште на почетокот на редовниот откуп посочи дека откупните фирми во оваа кампања се поригорозни при проценката.

„За разлика од минатата, оваа година имаме пример на една малку потврда линија на проценка од страна на откупните компании, но таа иако е таква, доколку е таква, ќе треба да биде во согласност со законот“, порача министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

Наспроти стравувањата на земјоделците дека поради намалената побарувачка ќе останат неоткупени дел количества тутун и со цел да се најде решение за долгогодишните циклични проблеми со тутунопроизводството, лидерот на СДСМ при средбите со тутунарите со порака.

„Треба државата да улета и да помогне со што ќе откупи вишок на понуда и ќе го стабилизира пазарот, би ги поттикнала откупувачите да го ценат тутунот во вистинските класи во кои што е. На тој начин можеме да го стабилизираме пазарот и да помогнеме. Се работи за некои два до пет милиони килограми тутун, кои предизвикуваат психолошки моменти кај сите откупни пунктови“, оценува Зоран Заев, истакнувајќи дека оваа мерка е всушност дел од стратегијата на опозиционата СДСМ за решавање на цикличните проблеми со тутунопроизводството во државата кои се и поврзани со состојбите на интернационалниот пазар на тутунот.

Но, имајќи го во вид фактот што тутунопроизводството во Македонија е земјоделска култура, која впрочем го обезбедува и социјалниот мир во услови на енормна невработеност, и во услови на пазарна економија, државата мора да има своја стратегија за надминување на овие проблеми.

Инаку, ланската реколта на тутун е тешка околу 30.000 тони. Според првичните прогнози, согласно квалитетот на тутунот којшто е поголем во однос на годините пред тоа, се најавуваше просечна откупа цена до 200 денари.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG