Достапни линкови

ФИФА му дозволи пријателски мечеви на Косово


Светската фудбалска федерација ФИФА соопшти дека на Косово ќе му биде дозволено да игра пријателски натпревари против други членки на ФИФА, на клупско и на репрезентативно ниво. Се прецизира дека притоа косовските клубови не ќе можат да играат против екипи од земјите од поранешна Југославија и оти не ќе можат да ги претставуваат нивните национални симболи. На дресовите може да им пишува Косово. Косовските тимови ќе треба да ги пријавуваат натпреварите планирани на Косово со цел ФИФА да ја извести Српската фудбалска федерација.
XS
SM
MD
LG