Достапни линкови

logo-print

Ердоган го условува повлекувањето на предлогот за судството


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изрази готовност под одредени услови да го повлече нацрт контроверзниот закон со кој јакнее политичката контрола врз правосудството. „Ако опозицијата ги прифати уставните промени за ова прашање, тогаш ќе се откажеме од нашиот предлог“, изјави Ердоган пред пратениците на неговата Партија на правдата и развојот, ден по разговорите со шефот на државата Абдула Ѓул. Со предлогот се предвидува проширување на составот на Високиот совет на судии и обвинители, а на министерството за правда му се дава последен збор при наименувањето судии.
XS
SM
MD
LG