Достапни линкови

Џон Кери во Ватикан, но не на средба со Папата


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери е во посета на Ватикан, но не се очекува да се сретне со папата Франциско. Кери е на пат за Кувајт каде што ќе се одржи хуманитарна донаторска конференција за жртвите од војната во Сирија. Вчера Ватикан повика на безусловен прекин на огнот во Сирија. Кери е првиот католик американски државен секретар што го посетува Ватикан во последниве триесет години.
XS
SM
MD
LG