Достапни линкови

Во втората половина од месецов граѓаните штедат, затоа што трошат многу пари околу новогодишните и божиќни празници.

Граѓаните штедат бидејќи знаат дека Новата година нема да ни донесе подобар станадард. Овој начин на живот го доби своето вистинско значење овој месец. Причина за тоа не е само тоа што граѓаните во изминатите денови поради празниците се презадоложија.
Овој месец е месец на многу прослави, многу празници, барем за нас христијаните. Стандардот е многу низок така што се чувствува.

„Овој месец е месец на многу прослави, многу празници, барем за нас христијаните. Стандардот е многу низок така што се чувствува.“

„Уште не сум размислувала како ќе истерам до крај, ама гледам да поминам со најосновното.“

„Јануари, сметките си стигаат уште на први, не чекаат, ама ќе истуркаме некако. Ние што работиме е добро, тешко е за тој што не работи.“
Си ги пушташ нозете колку што ти е долга чергата. Ако на пример треба 2 кила месо, јас купувам 1 кило, за да можам и наредниот пат да јадам.

„Сакале, неќеле, ќе потрошиме, што да правиме, мораме кога сме дома, празници се, многу слободни денови и нормално е да се потроши некој денар“, велат анкетираните скопјани.

Хроничниот недостаток на пари во Македонија за жал нема да може да се надомести ниту во оваа година, зашто бројот на оние што немаат работа и натаму е голем. Иако статистиките велат дека невработеноста се намалува, реалноста ова го демантира.

„Невработен професор по хемија сум, барам работа, не мора да биде по струка оти се критикува дека само тоа се бара, но тешко е. Живееме со платата на маж ми, една плата, се живее некако, некоја надеж има, се лишуваме од многу работи, ама сепак парите ги подредуваме некако да го истераме месецот“, вечи една граѓанка.

Овој месец вообичаено е најдолг за македонските граѓани во кој по празнувањата мораат да штедат за да обезбедат храна, а подоцна за да имаат средства како да ги платат сметките кои ќе пристигнат на први. Некои велат дека е најдбро граѓаните и за празници да трошат онолку колку што имаат и оти влегувањето во какви било задолжувања може да биде ризично.

„Не правиме некои поголеми трошоци за да може да поминеме. Знаете како велат, си ги пушташ нозете колку што ти е долга чергата. Ако на пример треба 2 кила месо, јас купувам 1 кило, за да можам и наредниот пат да јадам“, вели една пензионерка.

Судејќи според висината на македонскиот стандард, тоа размислување е логично. Просечна плата во Македонија е околу 21 илјада денари, но според некои податоци, повеќе од половината не земаат ниту приближно толку.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG