Достапни линкови

logo-print

Во Египет се одржува уставен референдум


Во Египет се одржува дводневен уставен референдум што е прво гласање откако војската го собори исламистичкиот претседател Мухамад Морси пред шест месеци. Во изменетиот устав кој е сочинет од главно секуларна комисија, нема исламски референци што беа карактеристични во уставот, усвоен во 2012 година под тогашниот претседател Морси. Во новиот устав, како што се наведува, се гарантирале индивидуалните слободи, верската слобода и правата на жените. Неговите опонентите велат дека Уставот и дава специјалните привилегии на војската. Пред отворањето на гласачките места пред судот во Каиро експлодира бомба, но никој не бил повреден.
XS
SM
MD
LG