Достапни линкови

Пуси рајот во посета на затворенички


Двете неодамна амнестирани членки на руската феминистичка панк група „Пуси рајот“ ја посетија казнената колонија во Нижни Новогород каде што една од нив беше затворена. Марија Аљокина која последните неколку месеци ги мина во овој поправен центар била во придружба на Надежда Толоконикова. Тие ова го направиле во знак на поддршка на затворените жени кои се жалат на лошиот третман во затворот. Аљокина и Толоконикова беа осудени на две години затвор за хулиганизам откако во една црква во Москва протестираа против претседателот Владимир Путин. Двете беа амнестирани во минатиот месец.
XS
SM
MD
LG