Достапни линкови

logo-print

Жбогар: да се најде решение за северна Митровица


Специјалниот претставник на ЕУ во Косово Самуел Жбогар

Специјалниот претставник на ЕУ во Косово Самуел Жбогар

Специјалниот претставник на ЕУ во Косово Самуел Жбогар оцени дека е потребно што поскоро да се надмине новонастаната состојба околку градоначалникот на северниот дел на Митровица. Спорот во северниот дел на Косовска Митровица настана откако во саботата новоизбраниот градоначалник Крстимир Пантиќ одби да ја потпише свечената изјава за стапување на должноста, затоа што на документот стоеја косовскиот грб и пишуваше „Република Косово“. Косовскиот вицепремиер и министер за локална самоуправа Слободан Петровиќ најави дека претседателката на Косово Атифете Јахјага во следните десетина дена ќе распише нови избори за градоначалник на северна Митровица. Претседателите на општините Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан положиле заклетви во согласност со Законот за локална самоуправа.
XS
SM
MD
LG