Достапни линкови

logo-print

Средба на шефовите на дипломатиите на Франција и Грција


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

Министрите за надворешни работи на Франција и на Грција Лоран Фабиус и Евангелос Венизелос вчера во Париз разговараа за приоритетните прашања за грчкото претседавање во Унијата, како економскиот развој, борбата против невработеноста, банкарската унија и продлабочувањето на економската и монетарната унија, пренесува дописникот на МИА од Париз. Според двајцата министри, во разговорите биле опфатени и поморската и миграциската политика, билатералните прашања и ситуацијата во Сирија.
Од француското министерство за надворешни работи било речено дека се зборувало и за проширувањето, но без притоа да се навлезе во детали.
XS
SM
MD
LG