Достапни линкови

Уставен референдум во Египет


Денеска и утре во Египет се одржува уставен референдум, што претставува прво гласање во земјата по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси, пред 6 месеци. Изменетиот устав, изработен од мнозински секуларна комисија, не ги содржи исламските референци кои го карактеризираа контроверзниот устав усвоен во 2012 година кога на власт беше Морси. Поддржувачите на документот велат дека тој ги гарантира индивидуалните слободи, религиозната слобода и правата на жената.
Критичарите, пак, сметаат дека тој и дава специјални привилегии на египетската армија.
Право на глас на дводневниот референдум имаат околу 53 милиони Египќани.
XS
SM
MD
LG