Достапни линкови

logo-print

Обама побара шанса за дипломатијата во иранското прашање


Американскиот претседател Барак Обама побара од законодавците да и дадат шанса на дипломатијата во врска со Иран, по спогодбата со оваа земја за време на викендот, која го расчисти патот за стапување во сила на 6- месечниот привремен нуклеарен договор на 20 јануари. Обама вчера изјави дека привремениот договор нуди „врата на можности“.
Неговите забелешки доаѓаат откако некои американски законодавци сигнализираа дека поддржуваат санкции спрема Иран, и покрај предупредувањата оти тие би можеле да ја упропастат дипломатската иницијатива.
Обама истакна дека ако Иран не се придржува до договорот, тогаш тој ќе поддржи нови казнени мерки против Техеран.
XS
SM
MD
LG