Достапни линкови

Десетици загинати и ранети во неколку експлозии во Багдад


Во експлозии на автомобили бомби во Багдад загинаа најмалку 25 лица а десетици се повредени, за време на посетата на Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на главниот град на Ирак. Засега никој не ја презел одговорноста за нападите, кои се случија во областите со мнозинско шиитско население. Најсмртоносниот напад се случи во североисточното предградие Шааб, каде што загинаа најмалку 10 луѓе, а 13 беа повредени.
Минатата година беше најкрвава во Ирак од 2008-та, со најмалку 5 илјади и 500 загинати во секташките насилства.
XS
SM
MD
LG