Достапни линкови

Прва реакција на Обама по критиките од Гејтс


Американскиот претседател Барак Обама ја бранеше својата верба во мисијата во војната во Авганистан, откако поранешниот шеф на Пентагон Роберт Гејтс го обвини во своите мемоари дека на Обама му недостига страст за воена акција и оти ја изгубил довербата во своите војници. Во првата јавна реакција на мемоарите на Гејтс, Обама рече дека негова должност е постојано да се интересира за воените тактики кога се испраќаат трупи во војна.
Гејтс вчера се пожали дека содржините на неговата книга која треба да биде објавена денеска, биле „киднапирани“ од страна на луѓе со „политичка секира“.
XS
SM
MD
LG