Достапни линкови

Времето облачно, во котлините магла


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Долж Повардарието и по котлините ќе има магла која во попладневните часови ќе слабее. Ќе дува и слаб југоисточен ветер.

Утринската температура се движи од минус пет до пет, а дневната ќе биде од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Изутрина и преку денот ќе има магла која повремено ќе слабее околу пладневните часови. Утринската температура се сушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до четири степени.

И во следните денови ќе се задржи период на релативно топло време. Струењето на воздухот нема да биде многу изразено. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец, а ќе има и појава на слаби врнежи од дожд во среда, а нови врнежи од дожд се очекуваат од недела попладне.
XS
SM
MD
LG