Достапни линкови

Во Пелагонија над 500 земјоделци не зеле субвенции


Macedonia -- A field of wheat harvested in Pelagonia, July 11, 2013.

Macedonia -- A field of wheat harvested in Pelagonia, July 11, 2013.

Земјоделци се жалат дека се уште не зеле субвенции за 2012 година, иако ги платиле сите давачки кон државата. Надлежните служби пак, го тврдат спотивното.

Земјоделците и надлежните за земјоделство од Пелагониско со спротивствавени кажувања за исплатата на субвенциите. Земјоделци се жалат дека се уште не зеле субвенции за 2012 година, иако ги платиле сите давачки кон државата. Надлежните служби пак, го тврдат спотивното дека субвенциите се исплатени. Пари не зеле само оние кои на време не ги подмириле законските обврски за наводнување, одводнување, закуп на земјоделско земјиште и пасишта.
Со субвенциите имаме многу проблеми, три месеци од 2011, 2012 и 2013 година воопшто немам земено. За пасишта давачките се платени, се е платено, што е проблемот не знам. Ако немаме субвенции, за никаде не сме.

Земјоделците велат дека дури им стигнале и решанија за исплата, а парите ги нема.

„Со субвенциите имаме многу проблеми, три месеци од 2011, 2012 и 2013 година воопшто немам земено. За пасишта давачките се платени, се е платено, што е проблемот не знам. Немам земено субвенции ни за млекото, ни за нивите. Ако немаме субвенции, за никаде не сме. “

„Немам земено субвенции иако се имам платено. Вчера проверив во општината, ништо. Се е платено и даноците и пашарините.“

„За 2012 немам добиено субвенции за млекото и за нивите. Во решенијата ни пишува дека парите се добиени, а немам добиено ништо.“
Во законот убаво стои секој што сака да земе субвенции мора да си ги подмири давачките. Државата дава субвенции, но има и закони кои мора да се почитуваат.

„Проблемот е во тоа што субвенциите за 2012 година се уште не ги имаме добиено. Решение за исплата имаме, но парите не се стигнати нја сметка“, изјавија земјоделците Селим и Меџаид Манушевски од Кишава и Јосиф Стевовски од Краври.

Во Пелагонискиот регион од 500 до 1.000 земјоделци не добиле субвенции, само заради тоа што и должат на државата, вели Илија Србиновски началник во подрачната единица за земјоделство во Битола.

„Доколку имале проблеми со самата апликација, односно некој не ги има подмирено давачките кон Стрежево за воден надоместок, за пасишта или за вода заедница не зел субвенции. Во законот убаво стои секој што сака да земе субвенции мора да си ги подмири давачките. Такви случи има над 500 можеби и од 1.000 немаат земено субвенции зашто не ги имаат подмирено обврските. Државата дава субвенции, но има и закони кои мора да се почитуваат“, вели Србиновски.

Од Платежната агенција велат дека субвенциите од програмата за финансикса поддршка за 2012-та се исплатени, единствено барателите кои задоцниле со плаќањето не добиле пари. Сепак, Владата го пролонгирала рокот за наплата и субвенции ќе бидат испалтени наскоро, велат од Агенцијата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG