Достапни линкови

Дачиќ - мораме да најдеме компромис со Косово


Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека со високата претставничка на Европската унија, Кетрин Ештон е договорено на 28 јануари да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел.
Тој оцени дека продолжувањето на дијалогот е „клучен“ за примена на Договорот од Брисел, што тој и косовскиот премиер Хашим Тачи го постигнаа во април минатата година.
Дачиќ посочи дека мора да се најде решение за формирање на Заедници на српските општини во Косово, што е предвидено со Договорот од Брисел.
Мораме да најдеме компромис, не можеме сами да се изолираме, потенцира Дачиќ.
XS
SM
MD
LG