Достапни линкови

logo-print

СДСМ - Ивона Талеска била сопственик на Висарис


Опозициониот СДСМ денеска покажа документ, според кој, новинарката Ивона Талевска била доминантен сопственик на фирмата ВИСАРИС ДОО Скопје уште при основањето. Според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов станува збор за официјален документ од Централниот регистер на кој се гледало дека доминантен сопственик на фирмата за медицинска опрема ВИСАРИС МКД ДОО Скопје, уште при основањето е, не мајката Лимба, туку самата уредничка Ивона Талевска.
Според него, девет дена откако бил распишан милионскиот тендер од страна на министерството за здравство, Ивона Талевска се повлекла од фирмата и му ги дала акциите на малцинскиот партнер, Марко Петровиќ.
„Висарис Мкд“ ДООЕЛ Скопје конкурира на тендерот и за четири месеци го добива милионскиот бизнис од Никола Тодоров. Само шест месеци од добиениот милионски бизнис, во фирмата „Висарис Мкд“ Скопје се враќа Ивона Талевска, преку мајката Лимба Талевска, а самата Ивона Талевска е лице за контакт“, рече Шилегов.
За него во овој случај не станува збор за неетика, туку за класичен пример за медиумска корупција го повика премиерот да се изјасни за целиот случај.
Министерот Никола Тодоров изјави дека не знаел оти новинарката Ивона Талеска е сопственик на фирмата.
XS
SM
MD
LG