Достапни линкови

Заеднички амбасади не е за балкански земји


Во овој момент реализацијата на оваа практика која ја имаат Скандинавските држави е проблематична ако се реализира меѓу балканските земји, вели поранешниот амбасадор Благој Зашов.

Иницијативата за користење на заеднички простор на амбасадите на Македонија и Србија, според домашните експерти е избрзана, оти може да ја зголеми недовербата и да отвори дополнителни сомнежи кај соседните земји.
Се уште не сме дојдени до тоа ниво на едно разбирање, не само меѓу две држави, туку и реакциите на други држави - Е, зошто меѓу нив, а не со друга, имајќи го комплексниот проблем на балканско размислување.
Благој Зашов, поранешен амбасадор.

Поранешниот амбасадор Благој Зашов вели дека во овој момент реализацијата на оваа практика која ја имаат Скандинавските држави е проблематична ако се реализира меѓу балканските земји.

„Се уште не сме дојдени до тоа ниво на едно разбирање, не само меѓу две држави, туку и реакциите на други држави - Е, зошто меѓу нив, а не со друга, имајќи го комплексниот проблем на балканско размислување.“

Идејата не е лоша, иако според поранешниот дипломат Алајдин
Министерот Никола Поповски на редовен работен состанок со македонските амбасадори и конзули.
Министерот Никола Поповски на редовен работен состанок со македонските амбасадори и конзули.
Демири не станува збор за некоја голема заштеда. Демири вели дека во регионот оваа идеја се доживува негативно и раѓа сомнежи за евентуалната соработка меѓу две земји.

„Дипломатската соработка на Македонија со Србија, веројатно ќе произведе паранои од типот на несредени односи, на некаква поблиска соработка, ќе се отворат теми на свртување грб на ЕУ итн“,
Дипломатската соработка на Македонија со Србија, веројатно ќе произведе паранои од типот на несредени односи, на некаква поблиска соработка, ќе се отворат теми на свртување грб на ЕУ.
Алајдин Демири, поранешен амбасадор.
изјави Демири.

Ако идејата е да се скратат трошоците за сместување, иницијативата нема економска оправданост, вели Демири. Зашов пак вели дека заштедата е возможна, но оти има и други начини на кои Владата може да ги скрати трошоците, а притоа да ги заштити интересите на своите граѓани.

„Не може тука да се зборува за некоја заштеда, се работи за една зграда, за една кола“, вели Демири.

„Има една друга практика која би можела да се користа, а тоа е некоја друга држава да ги штити интересите на македонските граѓани и на македонска држава во светот, со тоа што се прави некој договор и на тој начин се реализира она што се сака да се заштеди во смисла да не се отвора амбасада, а сепак некој друг да ги штити интересите на нашите граѓани“, вели Зашов.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски со став дека Македонија пројавила иницијатива со поголем број на земји за користење на заеднички простор, а надеж влеваат успешните примери со Република Унгарија и Република Словенија.

„Отворени сме за соработка со сите земји од регионот и мислиме доколку можеме на тој начин да намалиме трошоците кои ни се потребни за присуство на дипломати во странство“, вели Попоски.

Премиерот Никола Груевски неодамна изјави дека иницијативата нема политичка заднина, бидејќи како што рече, идејата не е заедничка дипломатија, туку чиста финансиска заштеда, односно споделување простор и ништо повеќе.
XS
SM
MD
LG