Достапни линкови

Самарас: Грција нема потреба од нови кредити


Грчкиот премиер Андонис Самарас смета дека во текот на следните месеци ќе се знае дали по шест години рецесија, строги економски мерки и реформи, како и со невработеност од 27 отсто, Грцијаќе успее да направи пресврт кон подобро, пишува грчкиот весник „Етнос“.
- Има доста позивитни индикации, кои укажуваат на раст, изјавил Самарас додавајки дека позитивните успеси на туризмот минатата година, влеваат надеж дека оваа година ќе биде уште подобра, а според некои проценки и рекордна со над 17,8 милиони туристи.
Во врска со прашањето за евентуална нова европска помош за Грција, Самарас истакна дека земјата нема потреба од нови кредити.
XS
SM
MD
LG