Достапни линкови

Анти-владини протести и блокади во Банкок


Илјадници анти-владини демонстранти започнаа со големи блокади во Банкок со цел да го парализираат главниот град на Тајланд и со тоа да го принудат премиерот Јинклук Шинаватра да си поднесе оставка. Полицијата засега не интервенира. Демонстрантите бараат власта да ја превземе така-наречен Народен совет, кој ќе спроведе реформи со цел да ја искорени корупцијата. Анти-владините протести во Банкок започнаа во ноември и во досегашните судири загинаа 8 луѓе, вклучувајки и двајца полицајци.
XS
SM
MD
LG