Достапни линкови

Иранскиот нуклеарен договор треба да почне да се спроведува од 20 јануари


Иран и светските сили се договорија имплементацијата на иранскиот нуклеарен договор да почне од 20- ти јануари. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Катрин Ештон изјави дека светските сили бараат од Меѓународната Агенција за Атомска Енергија да го провери спроведувањето на договорот. Претствници на ЕУ и на Иран имаа разговори на 9 и 10 јануари во Женева кои беа фокусирани на деталите од договорот постигнат во ноември, според кој треба да се намалат делови од иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на некои меѓународни санкции.
Американкиот државен секретар Џон Кери во Париз вчера изјави дека следната фаза во разговорите со Техеран ќе биде многу тешка, но дека тоа е најдобрата шанса за да се дојде до дипломатско решение.
XS
SM
MD
LG