Достапни линкови

logo-print

Чаир ќе се гасифицира со 5 милиони евра


Општина Чаир ќе се гасифицира. Резултатите од физибилити студијата за гасифиакција на општината ги објавија министрите за економија и за животна средина и просторно планирање Ваљон Сарачини и Абдулаќим Адеми и градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити.
- Проценетата вредност на инвестицијата е речиси 5 милиони евра,рече Сарачини
Обезбедувањето на вкупната инвестиција, како што кажа , е обврска на приватниот партнер и согласно Студијата е предвидено да се реализира преку кредитни средства во износ од 70 отсто од инвестицијата и 30 отсто преку сопствено учество на приватниот партнер. Сарачини потенцираше дека во јуни годинава Владата ќе почне процедура за изнаоѓање концесионер за општината.
Предвидено е гасоводната мрежа да се изгради во две фази.
XS
SM
MD
LG