Достапни линкови

Повторно поставено обележјето на Мара Бунева


Со бугарски песни денеска во центарот на Скопје спроти новата зграда на Јавното обвинителство, повторно е поставена спомен – плоча во чест на Мара Бунева.Претходно, во црквата Свети Димитрија, беше организирана панихида во чест на Бунева. Целата манифестација беше проследена со силно полициско обезбедување. Група граѓани кои не го поддржуваат настанот, на спротивната страна поставија транспарент со порака до организаторите ,,Немате свои херои славите туѓи.Ликот на Мара Бунева е контроверзен бидејќи има различното толкување за тоа дали дејствувала за македонската или за бугарската кауза.Настанот се одржа во организација на Бугарскиот културен клуб, а на него присуствуваа и лица кои допатуваа од соседна Бугарија.
XS
SM
MD
LG