Достапни линкови

СДСМ: Тодоров да ги објави сите документи за тендерот со Визарис


СДСМ побара од министерот за здравство Никола Тодоров јавно да ги објави сите документи поврзани со тендерот за набавка на медицинска опрема со фирмата „Визарис“ во сопственост на мајката на уредничката на Сител и Вечер Ивона Талевска.
„Признанието на Тодоров, дека имало промени во сопственоста на фирмата го отвора прашањето колку тендери во Министерството за здравство, и останатите државни институции се доделени на овој начин", изјави портпаролот на СДСМ Петр Шилегов.
Според опозициската партија, нема никаква логика сопственици на компанија која добила бизнис од милион евра само неколку месеци подоцна да ја подарат доминатната сопственост на мајката на Ивона Талевска.
Шилегов наведувајки дека Тодоров признал оти случајот бил ‘малку неетички’, му порача на министерот за здравство и на премиерот Никола Груевски, дека за ваков скандал, кој отвора медиумска корупција во нормална демократска држава паѓаат влади”.
XS
SM
MD
LG