Достапни линкови

Одбележани шест години од хелихоптерската несреќа кај катлановско Блаце


На Спомен обележјето кај катлановско Блаце и во кампот Бутмир во Сараево денеска беше одбележана шестгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ.Делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда на АРМ, вбр, предводени од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, како и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр положија венци со цвеќе на Спомен обележјето кај катлановско Блаце.
Министерството за одбарана Сашо Стефаноски ја потенцираше големата загуба на АРМ и улогата кои македонските војници ја имаат во придонесот кон глобалната безбедност и светскиот мир.
Загубата на нашите 11 мировници е прва непреболена загуба на Република Македонија во нејзиниот придонес кон глобалната безбедност и светскиот мир. . Секогаш кога зборуваме за нашите постигнувања во евроатлантските интеграции, војниците и старешини во меѓународните мисии тие беа посебно издвојувани и потенцирани како нашата најголема вредност, тие се нашите амбасадори на мирот, рече Стефановски.
XS
SM
MD
LG