Достапни линкови

Протест во северна Шпанија поради затворениците од ЕТА


Десетици илјади луѓе протестираа во Билбао барајќи да им се дозволи на осудените членови на баскиското сепаратистичко движење ЕТА да го отслужат остатокот од нивните затворски казани во Баскиската област наместо во затворите ширум земјата.Околу 600 членови на ЕТА се во затвор во Шпанија.Протестите се одржаа откако синоќа Националниот суд дозволи да се одржат демонстрации.Се смета дека припадниците на ЕТА убиле 829 луѓе од крајот на 1960 во бомбашки и вооружени напади чија цел била да се создаде Баскијска држава во северна Шпанија и југозападна Франција. Полицијата соопшти дека протестите се одржале во мирна атмосфера.
XS
SM
MD
LG