Достапни линкови

Уште двајца пратеници на Златна Зора во затвор


Прекршочниот суд во Атина синоќа им одреди мерка притвор на двајца од тројцата пратеници на грчката неонацистичка партија Златна зора, кои вчера беа изведени пред овој трибунал, под обвинение за „раководење со криминална организација“.
Судот реши да бидат притворени пратениците Јоргос Германис и Панајотис Илиопулос, додека околу евнтуалното одредување притвор за третообвинетиот Статис Букурас судиите ќе решаваат денеска.
Како што јави агенцијата АНА-МПА, според сведоци во судскиот процес, обвинетите учествувале во регрутирање на нови членови на партијата, која властите ја сметаат за криминална група, и во нивно обучување за напади врз имигранти.
XS
SM
MD
LG