Достапни линкови

Кличко бара од ЕУ санкции против владата на Јанукович


Украинскиот опозициски лидер Виктор Кличко ги повика Европските лидери да воведат санкции против членовите на владата на Претседателот Виктор Јанукович.Поранешниот шампион во бокс го упати овој повик по петочните судири на полицијата со демонстрантите надвор од Киев. Во инцидентот со полицијата беа повредени над 10 лица меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи Јури Лукашенко.До судирите со полицијата дојде откако судот им изрече затворска казна на тројца мажи поради сомневање дека учествувале во уништувањето на споменикот на основачот на Советскиот Сојуз, Владимир Ленин, во Украина во 2011.
XS
SM
MD
LG