Достапни линкови

Конституирани општините на северот на Косово


Четирите општини во северниот дел на Косово се конституирани синоќа, а градоначалниците и советниците потпишаа свечени изјави кои, како како што рекоа, биле статусно неутрални. Во Косовска Митровица градоначaлниците и советниците по 23 часот влегоа во зградата на Општината, а пристигна и специјалниот претствник на ЕУ за Косово Самуел Збогар. Седницата беше затворена за јавност.
Претседателот на Одборот за општините на Србија за Косово Милован Дречун оцени дека конституирањето на општините во северниот дел на Косово е решение кое отвора пат да се оди напред.
XS
SM
MD
LG