Достапни линкови

Телото на Шарон изложено во парламентот на Ерусалим



Посмртните останки на поранешиот израелски премиер Ариел Шарон денеска ќе бидат изложени во парламентот во Ерусалим- Кнесетот каде јавноста ќе има можност да му оддаде почит. Државната комеморативна церемонија и погребот со воени почести се најавени за понеделник.На церемонијата САД ќе бидат претставени од потпретседателот Џо Бајден.
Шарон почина вчера на 85-годишна возраст по осум години мина во кома. Во 2006. година тој доживеа мозочен удар. Политичари од целиот свет, меѓу нив и германската канцеларка Ангела Меркел, му одадоа почит на израелскиот политичар означувајќи го како најголем патриот на земјата.
XS
SM
MD
LG