Достапни линкови

logo-print

Бројни реакции за смртта на Ариел Шарон


Смртта на поранешниот Премиер на Израел Ариел Шарон предизвика бројни реакции ширум светот. Американскиот претседател Барак Обама испрати телеграма со сочувство до Еврејската држава . „Во името на американскиот народ Мишел и јас го испраќаме нашето најдлабоко сочувство на семејството на поранешниот израелски премиер и на народот на Изрел поради загубата на водачот кој животот го посвети на државата Израел“ наведе претседaтелот на САД Обама. На погребот на Шарон кој ќе биде во понеделник ќе присуствува Вице претседателот Џо Бајден. Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Шарон претставувал „Израелски патриот“.Претседателот на Франција Франсоа Оланд рече дека Шарон е една од најважните личности на Израел .Израелската влада изрази длабока жалост за смртта на Шарон а премиерот Бенјамин Нетанјаху оцени дека тој бил храбар борец кој работел за Изрел и како политичар и премиер. Палестинската група Хамас , меќутоа објави дека ја поздравува смртта на Шарон и го нарече „криминалец“ Поранешниот премиер на Израел Ариел Шарон почина вчера на 85 годишна возраст по осум години поминати во кома поради претрпениот мозочен удар.
XS
SM
MD
LG