Достапни линкови

logo-print

Состојбата со грип во Македонија стабилна


Од почетокот на сезоната на грип, досега во Македонија има околу 1.300 заболени. Државата и здравствените власти се целосно подготвени да се справат со овој предизвик, со лекарства, обучени тимови и со опремени институции.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, по посетата на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Минатата година целата сезона имаше околу 25 илјади заболени.
Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ информира дека бројот соодветствува на сезоната на грип.
- На Клиниката има зголемување на бројот на пациенти со респираторни симптоми кои асоцираат на грип, но се уште оваа бројка не го достигнала својот максимум. Од први до 30 декември на Клиниката се хоспитализирани 30-тина пациенти со симптоми на грип. Нивната здравствена состојба е стабилна. Ниту еден од нив не се наоѓа на Одделението за интензивна нега, рече Миленковиќ.
XS
SM
MD
LG