Достапни линкови

Техеран ја повика Кетрин Ештон во посета


Иран ја покани високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон,која е вклучена во преговорите за иранската нуклеарна програма, да го посети Техеран.Агенциите кои се повикуваат на изјава на министерот за надворешни работи Џавад Зариф јавија дека Ештон била поканета да го посети Техеран во било кое време. Поканата е објавена еден ден по постигнатиот прогрес во преговорите за имлплемнтирањето на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили во Женева.По дводневните разговори во Женева иранскиот министер за надворешни работи Абас Арачи изјави дека ЕУ и иранските официјални претставници нашле солуции за разликите, но дека се потребни дополнителни консултации.
XS
SM
MD
LG