Достапни линкови

Десетици илјади лица на антивладини протести во Анкара


Неколку десетици илјади лица се собраа денеска во Анкара на протести против Владата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, која е сериозно потресена поради големата антокорупциска истрага, во чии рамки се упасени десетици лица блиски до владејачќката Партија на правдата и развојот (АКП).
Учесниците на денешниот протест извикува „револуцијата ќе го исчисти ѓубрето“ и „сите се крадци“, а на демонстрантите им беа делени и лажни долари со ликот на Ердоган.По полициската акција во која под обвинеиие за корупција и перење пари беа уапсени десетици државни функционери и бизнисмени блиски до Владата, вклучитално и синови на тројца министри, владиниот Кабинет одговори со разрешување на стотина полициски началници под обвинеие за злоупотреба на функцијата. Опозицијата меѓутоа обвини дека полициските началници се разрешени поради тоа што не ги информирале надредените раководни структури во Владата за поготовката на антикорупциската акција.
XS
SM
MD
LG