Достапни линкови

Тачи: Изборот на претседател е неважна тема за ДПА


Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска изјави дека е за демисионирање на ДУИ од власта и оти изборот на претседател на државата за неговата партија е неважна тема.
-Доколку речам дека сме за предвремени парламентарни избори веднаш ќе ми биде додадено дека за тоа сум се договорил со ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна состојбата во државата е лоша и скоро безизлезна, а такво е мислењето и на ДУИ и (претседателот на партијата Али) Ахмети така што мојот предлог за надминување на оваа состојба е демисионирање на ДУИ и Ахмети, изјави Тачи.
Во однос на предлогот за заеднички консензуален кандидат за претседателските избори лидерот на ДПА рече дека изборот на претседател е неважна тема за партијата. Таа функција, како што рече Тачи, според Уставот нема големи законски и други ингеренции, а од друга страна Ахмети се наоѓа во тешка состојба и произведува тема наместо да се спротистави на антиалбанската политика и проекти што ги спроведува Владата.
Лидерот на ДПА Тачи денеска присуствуваше на изборно собрание на тетовскиот огранок на партија.
XS
SM
MD
LG