Достапни линкови

САД загрижени дека Авганистан ќе ослободува затвореници


Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карнеи изјави дека официјални претставници на САД разговарале со нивните авганистански колеги за плановите на Авганистан да ослободи десетици затвореници. Тој изјави дека Соединетите Држави се многу загрижени дека ослободувањето на авганистанските затвореници ќе претставува безбедносна закана. САД остро се противат на ослободувањето затвореници во Авганистан, нагласувајки дека има докази за нивна вмешаност во смртоносни напади врз странски сили. Претходно Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи изјави дека дека нема било какви докази за поврзаност на авганистанските притвореници со такви престапи.
XS
SM
MD
LG