Достапни линкови

Почина Ариел Шарон


Ариел Шарон, поранешниот премиер на Израел, почина на 85-годишна возраст. Тој ќе остане запаметен како еден од најполуларните политичари во Израел. Од Палестинците беше обвинуван за убиствата во бегалските кампови.

Израелските медиуми јавија дека на возраст од 85 години почина поранешниот премиер Ариел Шарон. Тој починал денеска откако беше во кома во последните осум години по претрпениот мозочен удар. Тој беше избран за премиер во 2001 година освојувајќи убедлива победа пред Ехуд Барак.
Шарон во неговата кариера ќе остане запаметен како еден од најпопуларните политички лидери во Израел, а во арапскиот свет како еден од најпрезираните политички ликови.

Шарон во неговата кариера ќе остане запаметен како еден од најпопуларните политички лидери во Израел, а во арапскиот свет како еден од најпрезираните политички ликови. За многу Израелци Ариел Шарон беше човек поддржувач на војната кој во подоцнежните години стана прагматичен политичар - лидер за кој тие веруваа дека може да донесе мир, без да се компромитира израелската
безбедност. Но, за Палестинците, Шарон беше „касап“ и обвинуван за масакрите во бегалските кампови во Либан. Шарон доби мозочен удар во 2006 година во јануари среде кампањата за негов реизбор на која се очекуваше тој да победи.

Премиер на Израел стана на 17 февруари 200, а пред тоа беше министер за одбрана. Бил генерал во израелската војска и вршител на командната должност за време на војните од 1967 и 1982 година. Беше водач на партијата Кадима, а пред тоа на десничарскаат партија Ликуд.

Шарон во 2001 година на изборите го победи претствникот на Лабуристичката партија Ехуд Барак и стана премиер. Шарон во 2004 година ги изненади сите објавувајќи ја одлуката израелските сили да се повлечат од окупираниот појас на Газа. Ова доведе до голeми судири во Ликуд и владеачката коалиција на Шарон . Кога противниците на оваа идеја ја напуштиja владата кон карјот на 2004 и 2005 година, Шарон беше приниден да влезе во коалиција со Лабуристичката партија, која претходно беше во опозиција.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG