Достапни линкови

Почина Ариел Шарон, поранешниот премиер на Израел


Израелските медиуми јавија дека денеска на возраст од 85 години почина поранешниот премиер Ариел Шарон.
Шарон беше во кома во последните осум година по претрпениот мозочен удар. Тој беше избран за премиер во 2001 година кога освои убедлива победа над Ехуд Барак.
Шарон во неговата кариера ќе остане запаметен како еден од најпопуларните политички лидери во Израел, а во Арпскиот Свет како еден од најпрезираните политички ликови.
Шарон доби мозочен уадр во 2006 година во јануари среде кампањата за негов ре- избор на која се очекуваше тој да победи.
XS
SM
MD
LG