Достапни линкови

logo-print

Тачи:Седницата на Владите на Косово и Албанија ново поглавје


Премиерот на Косово Хашим Тачи кој денеска ја отвори заедничката седница на владата на Косово и Албанија изјави дека тоа е ново поглавје за двете страни и можност односите меѓу Албанија и Косово да се материјализираат во конкретни проекти.Тој рече дека Косово и Албанија треба да одат напред кон заеднича иднина, оствaрувајќи ги аспирациите за зачленување во ЕУ. Премиерот на Албанија Еди Рама рече дека без оглед на разликите што ги имаат жителите на Албанија и Косово припаѓаат на еден народ и имаат еден јазик и традиција.По поздравните говори, Тачи и Рама денеска треба да потпишат неколку договои со кои треба да ја продлабочат соработката.
XS
SM
MD
LG